Главни
Дали должам нешто при или по регистрацијата?
Не, Вие не должите никакви такси и не превземате никакви обврски. Ако по пробниот период сакате да продолжите да ја користите услугата, потребно е да не контактирате.
Како можам да се откажам од услугата?
Можете да се откажете од услугата во секое време без никакви дополнителни трошоци. Едноставно контактирајте не и ние ќе ја деактивираме Вашата услуга.
Што е SportClub?
SportClub е удобна апликација која има за цел да ги олесни сите процеси околу управувањето на еден клуб/академија. Сè - од управувањето со финансии преку спортско-техничкиот дел до јавната веб-страница, е вклучено во апликацијата и Ви е на располагање.
Која е целта на SportClub?
Целта на SportClub е да ги изгради или олесни веќе постоечките процеси во Вашиот клуб. Исто така, дава пристап до актуелните информации (по ваш избор) за клубот на тренери, играчи и родители.
Кој е соодветниот пакет за мене?
При регистрација добивате 30-дневен потполно бесплатен пристап за да ги тестирате сите функции на апликацијата, вклучително и потполно функционална веб-страница.
Што вклучува пакетот "START"?
Пакетот вклучува презентациска веб-страница со можност за додавање тимови, играчи, тренери и настани. Ова би било корисно и за самите играчи, како и за фановите и родителите, за да го следат развојот на клубот и тимовите во него, како и претстојните настани. Во секое време можете да преминете на повисок план, задржувајќи ги сите постоечки информации.